Здравјето на усната празнина за уникатен бакнеж
Тимот на Gengigel
Грижата за здравјето на забите и усната празнина е исклучително важна, бидејќи влијае на целокупната благосостојба и квалитет на живот. Сите промени во усната празнина влијаат на нашето здравје и поради тоа се препорачува секојдневна грижа за оралната хигиена, како и превентивна посета на стоматолог. Пријатниот здив кој е резултат на добрата орална хигиена, може да го разубави најубавиот и природен облик на искажување на љубов- бакнежот.
Подари ми само еден мал бакнеж
Бакнежот има многу облици и безброј значења. Со бакнежот искажуваме љубов, ги поздравуваме пријателите или членовите на семејството, пренесуваме порака на партнерот или ја зацелуваме раничката на детското раче. Заедно со орангутаните и џуџестите шимпанза, луѓето по бакнежите се разликуваат од животните, кои својата наклонетост ја покажуваат на друг начин. Бакнувањето е одамна присутно во нашата култура и живот и поради тоа оралната хигиена е многу важна. Усните и нашиот здив можат да пренесат многу информации за нас.
Заедно со нас прославете го месецот на Gengigel и учествувајте во наградната игра со споделување на фотографија!
Бакнежот може да има многу значења, а всушност има само едно – љубов. Споделете ја Вашата љубов со нас и пратете ни бакнеж. Објавете фотографијата со бакнеж на интернет страницата за наградната игра и можете да добиете една од прекрасните награди:
- 1 Професионално отстранување на забен камен
- 24 пакети со Gengigel производи
* Наградната игра ќе се одржува на англиски јазик.
Бакнувањето ги подобрува оралната хигиена и расположението
Се разбира, ги имаме на ум бакнежите кога нашите усни се спојуваат со усните на нашиот партнер. При тоа разменуваме плунка, а со неа и сите микроорганизми кои живеат во усната празнина. Доколку Вие и вашиот партнер одржувате здрава орална хигиена, сето ова има многу предности, како забавеното размножување на бактериите, неутрализација на штетни киселини и превенција од кариес. Бакнувањето согорува калории, го зголемува излачувањето на ендорфин, го подобрува изгледот на кожата и ги зближува партнерите.
Орална хигиена за најубави бакнежи
Без разлика дали го бакнувате детето за добра ноќ или партнерот за добро утро, добрата орална хигиена е секогаш добредојдена. Покрај редовното миење на забите, чистење со забен конец и употреба на водичка за испирање на уста, со себе носете и гуми за џвакање кои многу брзо ќе го освежат Вашиот здив. Не заборавајте да пиете многу вода, со што се зголемува излачувањето на плунка и се хидрира Вашата усна празнина и усните. За нежни и меки усни, препорачуваме и редовно користење на балзам.