Важноста на хијалуронската киселина во редовната хигиена на усната празнина

 Тимот на Gengigel

Тимот на Gengigel

Дали сте свесни дека нешто што најмногу можете да направите за здрава усна празнина е редовна нега?

Во месец март го одбележуваме Светскиот ден на оралното здравје. Прочитајте зошто е тоа особено важно и зошто производите на Gengigel.не смеат да недостасуваат во нашето секојдневие.

Во март секоја година го одбележуваме Светскиот ден на оралната хигиена и како и секоја и оваа година со Gengigel сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на редовната хигиена на усната празнина. За жал, многу луѓе не знаат како правилно да ја одржуваат хигиената на усната празнина и кои производи да ги користат.

Прочитајте како секојдневно да се грижите за Вашата усна празнина на најдобар можен начин.

Што вклучува редовната хигиена на усната празнина?

Редовна и правилна дневна орална хигиена треба да се состои од:

  • четкање на забите барем два пати на ден, најмалку две минути,
  • употреба на паста за заби со соодветна содржина на флуор,
  • употреба на четката во правец од гингивата спрема забите,
  • секојдневно користење на забен конец и раствор со хијалуронска киселина за испирање на уста,
  • Gengigel гел за прва помош,
  • грижа за хигиената на приборот.

Хијалуронската киселина во хигиена на усната празнина

Хијалуронската киселина е природна состојка на здравото врзивно ткиво во нашиот организам. Нашето тело природно произведува хијалуронска киселина, но потребата значително се зголемува со годините, кога не се чувствуваме добро и кога е присутна повреда или инфекција.

Хијалуронската киселина се наоѓа во стаклестото тело на окото, папочната врвца, синовијалната течност, кожата и гингива, каде има посебна улога.

Поради своите исклучителни својства на хијалуронската кислелина во гингивата:

  • делува антивоспалително,
  • штити од инфекции,
  • делува антиоксидативно,
  • ги обновува ткивата
  • забрзува зараснување и
  • намалува отоци.

Хијалуронската киселина можете да ја воведете во секојдневната орална хигиена употребувајќи Gengigel хидрогелен раствор за испирање на уста за превентивна нега на непцата.

Gengigel производите содржат хијалурноска киселина со висок квалитет и чистота

Gengigel претставува палета на единствени патентирани производи за нега на усната празнина, кои со природните лековити својства на хијалуронската киселина се грижат за Вашата усна празнина и ги отстрануваат многубројните тегоби поврзани со болки и воспаленија во усната празнина.


Нивната ефикасност и безбедност се потврдени со повеќе од 30 клинички испитувања, кои измеѓу останатото ја потврдуваат и ефикасноста на хијалуронската киселина.

Слични статии

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close