Што да направиме ако почнат да не болат непцата?

 Ана Темељотов, м-р. фарм.

Ана Темељотов, м-р. фарм.

Болките во непцата може да идат пролазни и брзо да поминуваат, но понекогаш може да бидат упорни и за подобрување на состојбата потребна е стручна помош.

Болни непца се невоља која може да се појави од најразлични причини. Посебно неудобно чувство е ако се појават болки додека сте на одмор, далеку од својот стоматолог. Во продолжение Ви претставуваме 4 совети за тоа како можете да си помогнете сами кога ќе се појават болки во непцата и кои се знаците поради кои треба да се посети стоматолог.

Зошто се појавуваат болки во непцата?

Болките во непцата може да идат пролазни и брзо да поминуваат, но понекогаш може да бидат упорни и за подобрување на состојбата потребна е стручна помош. Непцата може да бидат болни како резултат на воспаление на непцата – гингивитис, кој настанува поради недоволна орална хигиена. Со неправилен третман се развива во опасна болест – парадонтитис, која може да биде причина и за губење на заб. Често болките во непцата се последица на пресилно четкање на забите, носење забна протеза, помали повреди на непцата, афти или пак хормонски промени. Така, во многу од случаевите можеме самите да си помогнеме при што посета на стоматолог не е потребна.  

Како можете да си помогнете ако ве болат непцата?

1) Користете само меки четки за заби.

Користеето на тврди четки за заби може да предизвика додани повреди и надразнувања на непцата при што состојбата дополнително ќе се влоши. Кога ќе ве заболат непцата, се советува употреба на меки и ултра меки („ultra soft“) четки за заби кои треба редовно да се менуваат (барем секој 4 месеци).

2) Испирање на устата со топла солена вода.

Солената вода припремете ја така што кафена лажичка сол растворете во чаша топла вода. Со припремената течност барем една минута испирајте ја устата, а после тоа плукнете. Испирањето на устата со солена вода може да го спречи развојот на бактерии во усната шуплина и помага во намалување на воспалението.

3) Избегнувајте кисела, лута и цврста храна.

Храната која е кисела или лута ги надразнува непцата, надразливоста ги зголемува болките, а и се продолжува времето на заздравување. Цврстата храна, како што се на пример орашасти плодови, можат додатно да ги повредат болните непца, затоа се препорачува избегнување на таква храна додека не се подобри состојбата на непцата.

4) Gengigel производи на база на хијалуронска киселина

Gengigel содржи хијалуронска киселина која во усната шуплина докажано има антивоспалително и антибактериско дејство. Gengigel ја забрзува регенерацијата на непцата и намалува отоци и воспаление. Истотака ги штити и непцата, а помага и при крварење на непцата. Кога вас ве болат непцата, се препорачува да Gengigel го нанесете три до пет пати дневно со блага масажа на болното место со чисти прсти.

Кога морате да посетите стоматолог?

Ако горенаведените мерки не Ви помагаат и  болките  во непцата не поминуваат и после два дена, мора да посетите стоматолог. Исто така стручна помош обавезно мора да побарате:

  • ако болката е исклучително интензивна
  • ако со болките се присутни и други знаци на болки
  • ако болките Ви сметаат при јадење и спиење
  • ако Вашите непца имаат силно крварење
  • ако имате отоци и црвени непца
  • ако Ви се смени геометријата на гризот
  • ако Ви се климаат забите
  • ако секогаш имате непријатен здив и лош вкус во устата
Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close