Сè што треба да знаете за кариесот
Тимот на Gengigel
Дали знаевте дека кариесот е едно од најчестите заболувања во светот? По застапеност дури може да се спореди со настинката. Во Македонија, во просек, со кариес се соочуваат две третини од децата и поголемиот дел од возрасните. Повеќето не обрнуваат внимание, меѓутоа кариесот знае да биде крајно агресивен. Ако не се лекува, може целосно да ги уништи забите, а во екстремни случаи дури да предизвика смрт и затоа треба да внимаваме.
Во продолжение ви претставуваме некои помалку познати факти за кариесот кои можеби сте сакале да ги знаете, а можеби и не.
Кариесот е заразен!
Оваа информација многумина ќе ги изненади: кариесот е инфективно заболување кое го предизвикуваат бактерии, што значи дека е заразен. На создавањето кариес влијаат три фактори:
- тенденција кон создавање кариес,
- исхрана богата со шеќери и преработена храна,
- бактерии кои предизвикуваат создавање кариес (познати се повеќе од 300 видови).
Ниту едно дете не се раѓа со бактерија која предизвикува кариес, туку секогаш се заразува со плунка на друго лице, односно мајка, татко, старател или кое било друго лице. Доволно е да му понудите на детето храна од својата лажица или да ја лижнете неговата цуцла и веќе се овозможува внес на штетните бактерии во организмот. Бидејќи тука речиси е невозможно да се спречи инфекцијата, исклучително важно е да го научите вашето дете на добра орална хигиена.
Создавањето на кариес не е поврзано само со недоволна хигиена и конзумација на шеќери
Повеќето луѓе знаат зошто настанува кариес, но она на што прво се помислува се лошата орална хигиена и конзумацијата на шеќери. Меѓутоа, има многу други причини за создавање на кариес.
1. Положбата на забот
Дали знаете дека катниците многу повеќе заболуваат од кариес во споредба со другите заби? Катниците всушност подолго се изложени на храна, со што на нивната површина се создаваат доста фисури и јамички, па им се овозможува поголемо задржување на забните наслаги. Исто така, нивната положба го отежнува чистењето.
2. Одреден вид на храна и пијалоци
Храната што буквално се лепи на вашите заби има поголема веројатност да предизвика кариес на забите, бидејќи плунката не може едноставно да ја измие од забите. Еве неколку примери: млеко, сладолед, мед, шеќер, газирани пијалоци, суво овошје, колачи, бисквити, тврди бонбони, мусли, чипс.
3. Често грицкање и конзумација на пијалоци со шеќер
За време на долготрајното грицкање или пиење на пијалоци со шеќер, на бактериите во устата им давате повеќе можности за создавање киселини кои ги напаѓаат забите.
4. Недоволно и ненавремено четкање на забите
Ако забите не ги исчистите по конзумацијата на храна/пијалок, на нив веднаш се задржуваат наслаги, што е прв чекор на патот до создавање на кариес.
5. Мала количина на флуорид
Флуоридот е природен материјал кој помага во спречување на создавањето на кариес, а во раните фази може дури и да ја поправи настанатата штета.
6. Сува уста
До сува уста води недостатокот на плунка во усната празнина, која спречува создавање на кариес преку миење на остатокот на храна и наслаги на забите. Устата може да биде сува кратко време, на пр. поради дишење низ уста, пушење, недостаток на витамини, или подолго време поради дијабетес, земање на некои лекови, различни операции и терапии.
7. Уништени забни пломби
Ниту една забна пломба не може да трае вечно затоа што после неколку години започнува да напукнува и да попушта. Уништената забна пломба добива рапава и груба површина па на тоа место се акумулира плак, кој е предуслов за создавање на кариес.
8. Создавањето на кариес може да се спречи
Добрата хигиена и редовните посети на стоматолог се главниот предуслов во спречувањето на создавање на кариес. А за дополнителна превенција можете да направите и повеќе:
- избегнувајте грицкање на храна помеѓу оброци,
- употребувајте паста за заби со флуор,
- ако после јадење не сте во можност да ги измиете забите, земете гума за џвакање со ксилитол,
- употребувајте производи од линијата Gengigel кои помагаат во одржувањето на здрави непца.
9. Одржувајте ги непцата здрави со производите од линијата на Gengigel
Бидејќи здравјето на вашите заби зависи од здравјето на непцата, ве советуваме здравјето во вашата усна празнина да го одржувате со помош на Gengigel гелот. Овој гел помага во одржувањето на здрави непца, го намалува воспалението, а ја помага и регенерацијата на оштетеното ткиво. Покрај гелот, за целосна нега на непцата ви препорачуваме и Gengigel спреј и Gengigel раствор за уста. Спрејот е идеален кога се работи за тешко достапни места, а растворот помага при воспалени, отечени и непца кои крварат, како и кај продлабочени парадонтални џебови.