Прва помош за првите запчиња

 Тимот на Gengigel

Тимот на Gengigel

Веселата насмевка на бебињата со едно или две млечни запчиња не може никој да остави рамнодушен.

Веселата насмевка на бебињата со едно или две млечни запчиња не може никој да остави рамнодушен. Меѓутоа, периодот на никнување на запчињата е болен и мачен процес за детето, а за родителите е напорен бидејќи тогаш многу лесно се нарушува веќе добро воспоставениот ритам на спиење, а на бебето обично му е потребно повеќе нежност и внимание. Значи, како да им помогнеме на децата при болката која ја предизвикува никнувањето на запчињата?

Погледни, првото запче!

Сите сме радосни кога на непцето на нашето малечко ќе се појави бела испакнатина која сведочи за никнувањето на првото млечно запче. Обично е тоа долниот инцизор или долната млечна единица , на која во наредните месеци и години ќе ѝ се придружат уште 19 други млечни заби.

Секое дете е свет сам за себе, затоа е тешко да се одреди времето во кое детската уста ќе се наполни со првите запчиња. Но генерално првитезапчиња се појавуваат помеѓу четвртиот месец и втората година од животот,  а понекогаш порано или покасно. Основата за никнување на млечните заби се развива уште во бременоста.

Никнувањето на млечните заби е само по себе пресвртница во развојот на детето бидејќи со никнувањето на забите му се овозможува на детето џвакање и правилен говор. А важна е и улогата која првите заби ја имаат во правилниот развој на вилицата на детето и трајните заби.

Како растат запчињата?   

Обично први растат предните долни инцизори, за во следните месеци да излезат и долните двојки, околу 15 месец ќе излезат и првите два долни предкатници, помеѓу 17 и 23 месец долните очни заби, а околу првата година од животот на детето и вторите долни предкатници.

Сите парови на млечни заби по правило најпрво се појавуваат на долната, а малку покасно и на горната вилица. Но и потполно различен редослед на никнување на забите е исто така нормален. Околу петтата година од животот на детето млечните заби почнуваат да се заменуваат со трајни, а до 12 година од животот на детето сите млечни заби најверојатно ќе одат на сигурно место кај Добрата Вила која ни ги чува запчињата.

Првите знаци на никнување на ново запче

  • плач
  • немир
  • изразена саливација
  • грицкање на сѐ што на детето ќе му дојде при рака
  • црвени и отечени непца
  • може да се појави и осип на кожата на лицето
  • благо покачена телесна температура

Поради сѐ ова никнувањето на млечните заби претставува голем предизвик за родителите бидејќи бебето во такви услови послабо спие, потребно му е повеќе внимание, нежност и грижа, а покрај сѐ ова поради првите заби доењето може да стане многу непријатно за мајката.

Ублажување на болките кои се јавуваат при никнување на забите

Кога првите запчиња почнуваат да продираат низ непцата на бебето, се оштетува ткивото и се јавува оток на непцата, кој е пропратен со изразена саливација и болни непца. Непријатноста на бебето може да ја ублажите со помош на благо изладена гумена глодалка или блага масажа на болното место, нормално притоа да се внимава на хигиената на раката. Стоматолозите советуваат и грицкање на тврдо овошје или зеленчук како и употреба на разни масти со што би се смириле воспалените и отечени непца. 

Искуството на мајките покажува дека болките и непријатноста на наште најмали најдобро ќе им ги ублажиме со гелот за никнување на првите запчиња - Gengigel први запчиња. Gengigel први запчиња овозможува моментално ублажување на болките при никнување на првите запчиња бидејќи:

  • ја подобрува еластичноста на непцата во текот на никнување на запчињата
  • го намалува отокот
  • го забрзува зараснувањето на непцата

Неговата главна компонента е хијалуронска киселина, природна состојка на нашите непца. Има пријатен вкус и не е штетно доколку се проголта. Не содржи алкохол, шеќер, вештачки ароми, лактоза, парабени, натриум лаурил сулфат и генетски модифицирани организми. Поради сѐ ова Gengigel први запчиња е потполно безбеден бидејќи можеме без никаков сомнеж да го користиме за да им го олесниме на нашите најмали првото никнење на запчињата.

Гелот исто така ни помага и при воспалени и непца кои крварат, за ублажување на тегоби настанати при ранички и улкуси (афти) во устата и околу петтата година од животот на детето, кога млечните заби ќе почнат да паѓаат па непцата повторно ќе бидат оштетени.

Чистење на првите запчиња 

Негата на забите треба да започне со нежно чистење на првото запче. Имено, баш како и трајните заби, млечните заби се изложени на бактерии кои настануваат на забните наслаги, а како последица на тоа се јавува и кариес. За да имаме здрави млечни заби, а подоцна и здрави трајни заби, како и за здрава усна шуплина генерално се штетни и цуцлите и шишињата, а за засладени пијалаци и колачи и да не разговараме, затоа треба да ги одбегнуваме најмногу што можеме.

Млечните заби треба да ги чистиме два пати дневно. При тоа користиме четкичка за заби со меки влакна и многу мала количина на забна паста која е наменета соодветно за возраста на детето. До тргнувањето во училиште родителите мораат редовно да им помагаат на своите деца во миењето на забите како би ги научиле на правилните техники на чистење на забите, а за нега на забите се користи и забен конец. А што се однесува до оралната хигиена, добар пример од родителот е несомнено најдобрата придружба низ животот.

Прв пат во посета на стоматолог   

Младите родители често се прашуваат кога е правилно време нивното малечко за прв пат да го однесат на преглед кај детски стоматолог. Детските стоматолози советуваат дека периодот околу првиот роденден е правото време за посета на стоматолог. Во текот на првата посета на детски стоматолог тој најмногу време ќе им посвети на родителите информирајќи ги за правилната орална хигиена, ќе ги прегледа првите запчиња на детето и ќе разговара со родителите за сите навики кои ги имаат а не се во корист на оралното здравје на детето.

Многу е важно детето да е добро подготвено за првата посета на стоматолог. При тоа не треба премногу да му зборуваме за прегледот за да не го исплашиме, туку прегледот да му го прикажеме на начин на кој детето ќе го доживее како пријатна посета каде на забарот ќе му ги покаже своите запчиња. После првиот преглед, кога во голема мера ќе се формира дел од ставот на детето кон понатамошните стоматолошки прегледи, наградете го вашето дете, но не со колачи, туку пофалете го и овозможете му некое пријатно искуство.

Занимливост :)  

Кога ќе падне првото запче, нашите баби и дедовци велат дека треба да се фрли највисоко што се може, на покривот од домот. Верувањето е дека кога запчето ќе остане на покривот тоа значи дека трајните заби кои ќе пораснат ќе бидат бели, цврсти и здрави.

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close