Парадонтитис – напад на забите и имунолошкиот систем

 Доц. Д-р. Петер Солар

Доц. Д-р. Петер Солар

Познатото заболување на парадонталното ткиво не само што е причинител на губење на забите, туку делува и на имунолошкиот систем.

Познатото заболување на парадонталното ткиво не само што е причинител на губење на забите, туку делува и на имунолошкиот систем. Всушност, парадонтитисот кој е предизвикан од присуство на бактерии во устата во голем степен влијае на здравјето на целиот организам и го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев инфаркт, оштетување на бубрезите и предвремено породување кај трудниците. Затоа при појава на рани и лузни во усната празнина, особено се важни правилната нега и употребата на антиинфламаторни препарати за да се одржат забите здрави, а исто така и имунолошкиот систем, нагласува познатиот стоматолог од Виена Доц. д-р. Петер Солар, доктор по дентална медицина.

Не боли, не предизвикува секогаш крварење и не, не е единствената причина за лош здив во устата. Меѓутоа, парадонтитисот е сепак сериозна инфекција на парадонталното ткиво, која во поголем број од случаите е причина за губење на забите. Празнината помеѓу коските и коренот на забите е одличен простор за развој на многу агресивни бактерии кои цврсто се припојуваат кон вратот на забот, на местото каде коронката на забите се одлепува од воспалените непца. Парадонтитисот е подмолно заболување која се јавува кај 60 до 80% од лицата на возраст над 40 години. "Парадонтитисот е болест која првенствено се јавува во устата, а во устата имаме голем број на крвни садови, затоа бактериите од устата можат многу лесно да влезат во крвните садови и да предизвикаат воспаление на крвните садови низ целото тело. Парадонтитисот влијае врз целиот организам. Ако бактериите од устата влезат во крвотокот и во ткивата, може да дојде до размена на болести, а освен тоа се зголемува и ризикот од појава на мозочен удар. Меѓутоа, се зголемува и ризикот од појава на инфаркт на срцето, оштетување на бубрезите и предвремено породување кај трудниците.“, ни објасни д-р. Солар на состанокот во Виена.

Отоци, црвенило и крварење на непцата

Воспалението на непцата (гингивитис) и парадонталните ткива (парадонтитис) воглавном се предизвикани од бактерии кои се насобираат на забите како забни наслаги (плак), а кои се резултат на неправилна хигиена на забите и недоволна хигиена на забите. Ако забните наслаги (плак) не ги отстрануваме редовно, бактериите во нив создаваат материи кои се штетни за непцата. Воспалителните процеси во почетокот се манифестираат како едем, црвенило и крварење на непцата, но подоцна продираат длабоко и предизвикуваат заболување на забните јами, а тоа продолжува со уништување на врзивното ткиво и коските на вилицата, што може да биде причина за паѓање на забите.

Здравите непца не крварат

»Здравите непца не крварат«, нагласува д-р Солар. »Никогаш. Можете да јадете јаболка, да ги миете забите, на стоматолог може да ви земаат отисок од вилица, но здравите непца не крварат. Меѓутоа, секое крварење не значи дека се работи за парадонтитис. Тоа може да биде знак за инфекција на непцата, таканаречена гингивитис, кој може да биде претходник на парадонтитисот, но е реверзибилен – состојбата може да се поправи. Парадонтитисот се карактеризира и со губење на коскено ткиво околу забите, кое за жал не може да се надокнади. Парадонтитисот прави непоправлива штета, а гингивитисот може да се излекува. Нивниот заеднички симптом е крварење.

Четката за заби користете ја еднаш дневно, но четкајте темелно

Најдобра превенција за спречување на парадонтитисот е редовно миење на забите. Како што објаснува познатиот Виенски стоматолог, доследно и правилно миење на забите еднаш во денот е доволно за здрави заби. »Не учеа да ги миеме забите два или три пати во денот, односно после секој оброк, но тоа не е потребно! Забите треба да ги чистиме правилно еднаш во период од 24 часа. Зошто го кажувам ова? Бидејќи ова го знаеме уште од седумдесетите, осумдесетите години од минатиот век. Всушност, фактот дека првите знаци на воспаление се појавуваат најкасно после 24 часа, значи дека клетките на имунолошкиот систем се пренасочуваат од крвните садови во ткивото и се обидуваат да направат некаков ред во него. Ако редовно ги чистиме и отстрануваме сите наслаги, лимфоцитите нема да влезат во ткивото, бидејќи нема знаци на воспаление и болеста не напредува.«

Превентива – со посветеност против забните наслаги

Најважна превентивна мерка против парадонтитисот или неговото влошување е свесно и структурирано отстранување на забните наслаги. »Секако, отстранувањето на забните наслаги не е потребно само од надворешната страна, туку и од сите други страни и празнини помеѓу забите. Секој заб има пет површини, а заби има барем 28. Односно во устата има најмалку 140 површини, а за нивно правилно чистење потребни ни се 6 до 8 минути. На полиците во маркетите и аптеките многу често има преголеми четки за заби со кои чистењето на забите би било забрзано, но тоа не е во ред. Користете најмали четки за заби кои можете да ги пронајдете и со нив детално четкајте ги забите, ќе трае подолго, но ќе биде ефикасно. Главата на четката за заби треба да биде помека, а четката не треба да ја користите со премногу силен притисок, туку треба да ја држите лесно за врвот од долната страна, а влакната треба да си ја завршат својата работа. Ви препорачувам секојдневно четкање со електрична четка за заби од 6 до 8 минути без прекин. Добра нега на забите и орална хигиена два пати во годината ви гарантира здрави заби до крајот на животот. Покрај добрата четка за заби, за чистење на просторот помеѓу забите ви е потребен конец за заби. Тоа е најдобриот начин на заштита на здравјето на усната празнина!«

Хијалуронска киселина за афти и ранички во устата

Многу пациенти прашуваат за совет, дали треба устата да ја испираат со средство за дезинфекција, но д-р. Солар вели дека тоа не е потребно. »Непцата имаат неверојатна способност за регенерација и треба само да им потпомогнеме со соодветни средства доколку тоа е потребно. Ако имате афти или други повреди во устата, едно навистина ефикасно средство е хијалуронската киселина.« Таа е природна состојка, која е физиолошки составен дел од врзивните ткива и го забрзува зараснувањето на рани и повреди, ги намалува едемите и делува антиинфламаторно. Производите Gengigel се базираат на хијалуронска киселина и според искуството на д-р. Солар тие се врвна помош при појава на афти и рани во усната празнина. »Во овие ситуации Gengigel се покажал одлично, бидејќи прави облога, ја штити раната, ги намалува болките и го поттикнува зараснувањето на раната. Исто така ефикасен е при повреди и гинигивитис со крварење. Секогаш имајте го Gengigel при рака, заедно со четката за заби.« вели за крај занимливиот соговорник од Виена.

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close