Парадонтитис – кои се ризиците за здравјето и методи на лечење
Тимот на Gengigel
Како и во многу други индустриски развиени земји, така и кај нас срцевите заболувања и болестите на кардиоваскуларниот систем се едни од најчестите причинители на смрт.
Акутните артериски болести како срцев или мозочен удар се предизвикани од промени на внатрешните ѕидови на крвните садови кои настануваат како последица на масни наслаги, како и мускулни клетки и клетките на ткивата кои влегуваат во внатрешниот слој на артерискиот ѕид .
Движењето, здравата исхрана, нормалната телесна тежина и откажувањето на цигарите се познати превентивни мерки кои го намалуваат ризикот од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем.
Меѓутоа, последните неколку години станува се појасно дека ризик фактори се исто така и хроничните воспаленија или хроничните инфекции.
Во некои испитувања на крвните садови со атеросклеротски промени откриени се бактерии кои не се присутни во здравите ткива. Покрај другото, во ѕидовите на крвните садови се откриени бактерии кои се одговорни за појавата на парадонтитис. Тие бактерии поттикнуваат инфламаторна реакција во телото која влијае на промените во артериите, а подоцна може да предизвика мозочен или срцев удар.
Испитувањата покажуваат дека лицата со парадонтитис имаат до 1,7 пати зголемен ризик од срцеви болести.
Поради тоа меѓународните стручњаци за кардиологија и парадонтологијапрепорачуваат парадонтитисот да не го земаме здраво за готово и да го лечиме што побрзо можеме.
Парадонтитис и болести на респираторниот систем
Воспалението на белите дробови е многу ретко кај здрави лица со некомпромитиран имун систем. Ако бактериите кај лица со ослабена имунолошка реакција навлезат преку нос, грло или усна шуплина во белите дробови, од таму е многу тешко да се отстранат. Последиците се очигледни: воспаление на респираторниот систем.
Меѓутоа, сега знаеме дека бактериите од непцата и забните џебови можат да предизвикаат воспаление на белите дробови. Испитувањата повеќе пати покажале дека лоша орална хигиена значи поголема осетливост на воспаление на белите дробови. Бактериите кои предизвикуваат воспаление на непцата се појавуваат и кај болестите на респираторниот систем.
Испитувањата покажуваат дека пациентите со хронични болести на респираторниот систем имаат лоша орална хигиена, повеќе забен камен и повеќе расипани заби од лицата без болести на респираторниот систем.
Стручњаците дополнително го испитувале меѓусебното влијание на парадонталниот губиток на коскено ткиво и хроничните болести на респираторниот систем. Што поголем бил губитокот на коскено ткиво поради парадонтитис, поголемо било и влијанието на функцијата на белите дробови кај пациенти со хроничен бронхит.
Пушачите се изложени на висок ризик. Пушењето негативно влијае на функцијата на белите дробови и истовремено го зголемува ризикот од парадонтитис.
Испитувањата покажале дека луѓето со лоша орална хигиена имаат и зголемен ризик од воспаление на белите дробови. Пациенти со веќе постоечка болест на белите дробови (на пр. ХОББ и сл.) мораат да внимаваат да немаат инфекции во усната шуплина и поради тоа мора редовно да прават контроли или да се лекуваат.
Парадонтитис и опасност од предвремено породување
Во Европа процентот на предвреме родени деца и понатаму е меѓу 6 и 8 проценти. И покрај големиот напредок во медицината веќе неколку децении овој податок е непроменлив.
Каде се причините? Меѓу најпознатите ризик фактори за предвремено породување се пушењето и злоупотребата на алкохол. Најновите истражувања ги потврдуваат сомнежите дека кај жените со нелечени болести на забните џебови и до седум пати се зголемува опасноста од предвремено породување. Тоа може да се спореди со ризикот од прекумерно внесување на алкохол од страна на мајката, што го зголемува ризикот за три пати.
Земајќи ги во предвид сите познати ризик фактори, се покажало дека нетретираниот парадонтитис го зголемува ризикот од предвремено породување за 7,5 пати.
Зошто баш трудниците се изложени на зголемен ризик
Кај трудниците непцата им отекуваат поради хормонални промени. Затоа е можно од недијагностицирана, блага верзија на парадонтална болест да се развие тежок парадонтитис.
Најновите откритија покажуваат дека за предвремено породување одговорни се главно бактериските инфекции на матката. Имуниот систем и останатите ткива вклучени во процесот, како одговор на таквата инфекција формираат медијатори на воспалителниот процес (простагландини и интерлеукини). Тие ги активираат одбранбените механизми во телото и можат да предизвикаат предвремени контракции и отворање на амнионската обвивка. При прерано омекнување на грлото на матката, за кое исто така може да придонесат бактериските инфекции, можно е предвремено породување.
Парадонталното лечење позитивно влијае на бременоста
Морате да направите контрола на вашите заби кај вашиот стоматолог пред планираната бременост или најкасно во почетокот на бременоста, а за тоа морате да го известите и вашиот гинеколог. За навреме да се препознаат болестите на непцата, жените треба во текот на бременоста редовно да посетуваат стоматолог.
Според моменталните податоци 18% од сите предвремени породувања се последица на нетретиран парадонтит.
Мајките кои имаат добра орална хигиена раѓаат во просек 200г потешки деца.
При појава на крварење од непцата или отечени, воспалени непца посоветувајте се со специјалист за парадонтални болести кој ќе ви помогне да се постави точната дијагноза. Парадонталното лечење се препорачува помеѓу 14 и 26 недела од бременоста.
Третманот кој се препорачува е безболен и со него се темелно се отстрануваат длабоките инфекции под површината на слузокожата со помош на апарат за ултразвук. Покрај тоа, џебовите на непцата се дезинфицираат со фотодинамичка терапија, односно ласер кој има многу малку несакани дејства.