Невидливи ортодонтски апаратчиња
Тимот на Gengigel
Пред посета на ортодонт повеќето од луѓето имаат слично размислување− повеќе нема да се смеам, сите чудно ќе ме гледаат, што ќе мислат луѓето за мене...Иако во последно време апаратите за заби станаа дел од секојдневниот живот, сепак некои луѓе поради неизвесност избегнуваат да користат апаратчиња и покрај болката и неправилностите кои ги имаат во усната празнина. Со напредокот на технологијата и користењето на компјутерски поддржано производство на апарати и стоматолошки материјали, овие грижи се потполно непотребни.
Лекување со невидливи апаратчиња за заби
Невидливите или подобро кажано помалку видливите апаратчиња за заби, од естетска гледна точка се совршена алтернатива на старите метални апаратчиња. Се користат за полесни и помалку инвазивни корекции во усната празнина како што се:
корекција на криви заби
лекување на позициони неправилности на забите
корекција на движењето на забите во крајната фаза од лекувањето
одржувањето на состојбата на забите по завршеток на класично лекување
Видови на невидливи апаратчиња за заби
Невидливите апаратчиња за заби се погодни за возрасни луѓе и повозрасни тинејџери. За млади тинејџери и деца повеќе се препорачува лекување со класични метални апаратчиња кои се ефикасни и полесни се за употреба, но ортодонтот може сам да процени кој апарат за заби е најприкладен.
Невидливи ѕвездички
Фиксните забни апарати со невидливи ѕвездички се состојат од провидни керамички држачи или носачи и бели жици. Најсличен е со класичниот железен апарат, но е скоро невидлив и пријатен за носење. Поради својот естетски изглед е доста популарен помеѓу повозрасните пациенти.
Керамичките носачи се сметаат за најдобри естетски носачи бидејќи се потврди од структурата на забот и поради тоа со поголема сила делуваат на забите. Иако по ефикасност можат да се споредат со металните апаратчиња, поскапи се и можат да ја променат бојата при консумирање на одредена храна или напитоци.
Лингвални апаратчиња
Лингвален фиксен апарат за заби кои се поставува на внатрешната страна на забите, подолг период е достапен на сите кои сакаат да го сокријат лекувањето на забите. До неодамна се користел само на долните заби, но сега ортодонтот може да го постави и на горните заби. Се состои од држач од висококвалитетно злато и жица. Поради материјалите е поскап од обичниот метален апарат за заби.
Лекувањето со лингвален апарат е често безболно, со редовни ортодонтски контроли, но спаѓа во потешките фази од ортодонтски третман. Помалку е удобен за разлика од класичните апарати и го отежнува движењето на јазикот бидејќи го зафаќа неговиот простор.
Транспарентен ортодонтски апарат
Во последно време најмногу внимание се посветува на безбојни пластични апаратчиња кои се дискретни, елегантни и удобни, не се фиксни и можат да се вадат. Најпрво во калифорнија го развил инвисалигн, а денес некои луѓе ги користат и двата поими истовремено, иако се достапни транспарентни апарати и од други производители.
Лекувањето или корекција на поставеноста на забите со безбојни апаратчиња е се поефикасно, а индикациите за нивната употреба се зголемуваат, иако овие апаратчиња не ги лекуваат сите аномалии на забите. Исто така е популарно поради полесно одржување на оралната хигиена за време на користењето, а времето на лекување е пократко за разлика од обичните метални апаратчиња. Неговата ефикасност најмногу зависи од пациентот кој мора да биде совесен и редовно да го носи апаратчето.
Бидејќи секој човек има свој профил на заби, невидливите апаратчиња се посебно изработени на основа на прецизна дијагностика, отпечаток и рендгенска снимка. На основа на отпечатокот и снимката се создава 3д-компјутерска симулација на поместување на забите, каде се прикажува текот на лекувањето и крајниот облик на забите. По потврдата се изработува провидна шина која ги поместува забите за едно место спрема финалната положба. Шините се менуваат на секој 7 до 14 дена на редовните контролни прегледи.
Орална хигиена за време на користење на невидливи апаратчиња за заби
За време на лекување со фиксните апаратчиња за заби, како што се невидливите ѕвездички и лингвални апаратчиња, можни се помали повреди на непцата и полоша орална хигиена, бидејќи одредени делови од усната празнина се потешко достапни.
Секојдневно користете Gengigel хидрогелен растворза плакнење на усната празнина кој ги одржува непцата здрави и ги смирува по миењето на забите и на тој начин се обезбедува соодветна хигиена на усната празнина.
Доколку приметите воспаление на непцата или доколку апаратчето ви ја оштети оралната слузокожа, употребувајте Gengigel гел на полесно достапните места и Gengigel спреј за потешко достапни места. Двата производи содржат хијалуронска киселина и помагаат во ублажување на воспалените болни непца и ранички во усната празнина.
Извори:
- https://luxdental.si/nevidni-zobni-aparat/
- https://www.zobozdravnikmaribor.si/blog/nevidni-fiksni-aparat/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6533182/
- https://www.ezobozdravnik.si/nevidni-zobni-aparat/
- https://www.yourdentistryguide.com/invisible-braces/
- https://www.stomatoestetika.si/sl/storitve/invisalign/