На годишниот одмор не заборавајте на оралната хигиена
Тимот на Gengigel
Летните горештини веќе започнаа, а со нив започна и училишниот распуст и годишните одмори. Поради неправилната рутина за време на годишниот одмор, грижата за оралната хигиена знае да биде лоша и затоа за Вас подготвивме неколку совети како да ги избегнете непријатностите во усната празнина.
Пред да заминете на одмор потребно е да се погрижите за многубројните обврски. Веруваме дека во овој период можеби и не посветувате особено внимание на оралната хигиена, иако би требало да го сторите тоа. Во текот на годишниот одмор често се случува да заборавиме на основните навики, а тоа може да предизвика јаки болки во забите или во непцата.
Пред заминување на годишен одмор
Грижата за здравјето на забите и усната празнина е особено важна за Вашата благосостојба и квалитет на живот, затоа погрижете се за нив пред да заминете на одмор. Се препорачува превентивна посета на стоматолог, особено пред подолги патувања.
Доколку за тоа немате време, пред заминување на одмор работете на своите навики во врска со оралната хигиена. Тоа ќе Ви помогне да сфатите кои производи ќе морате да ги понесете со себе, колку време Ви е потребно за некаква постапка и кои се правилните техники на оралната хигиена.
Пред да заминете, погрижете се да имате доволно производи за целиот одмор. Често сме навикнати на одреден бренд на производи кои можеби не се достапни во туристичката дестинација. Поради тоа посетете маркет или аптека и направете залихи, а можете и да земете и некој дополнителен производ за резерва.
Орална хигиена во текот на годишниот одмор
Одморот претставува време за уживање, активности и опуштање, што воедно значи и бегство од секојдневието и рутината кои ги имате дома. За време на одморот можете да направите многу за здравјето на непцата и забите со здрава исхрана, но секако немојте да заборавите на сите производи кои секојдневно ги користите.
Доколку сакате болките во непцата да не ви ја расипат атмосферата на годишниот одмор, за Вас и за Вашите деца подготвивме неколку совети за ефикасна орална хигиена.
Општи совети
- Мијте ги забите најмалку два пати на ден.
- Миењето на забите треба да трае најмалку две минути.
- Држете ја четкичката под агол од 45 степени од површината на забите.
- Правете движења со четката од непцата спрема забите.
- Редовно користете забен конец и водичка за уста.
- Водете грижа за хигиена на сите средства кои ги употребувате.
Багаж
Сега кога размисливте за Вашите навики, знаете точно кои производи Ви се потребни. Чувајте ги производите во сува и чиста козметичка торбичка. Препорачливо е да ги имате секогаш при рака, а доколку патувате со авион, ставете ги во рачниот багаж. Бидете внимателни, секое пакување во авион не смее да премине 100 мл.
Кога ја пакувате четкичката за заби, погрижете се футролата за патување да биде потполно сува. Веднаш штом ќе пристигнете, отворете ја футролата и исушете ја четкичката.
Задолжителни средства за орална хигиена се: четкичка за заби, паста за заби, водичка за уста, забен конец и Вашиот омилен Gengigel производ. Со себе можете да понесете и чистач за јазик.
Вода
Пред да започнете со оралната хигиена добро измијте ги рацете. Бидете внимателни доколку сте на место каде водата од чешма не е за пиење. Во тој случај не ги мијте забите со водата од чешма, односно користете флаширана или зовриена вода.
Доколку не можете да ги измиете забите, можете да употребите водичка за плакнење на уста. Најдобро е да се купи водичка со флуориди кои ги штитат забите од дејството на киселините од храна и напитоци. Ви препорачуваме секогаш при рака да имате Gengigel хидрогелен раствор со хијалуронска киселина за плакнење на усната празнина, бидејќи делува превентивно и може да се користи неколку пати на ден.
Во краен случај забите можете привремено да ги исчистите со гума за џвакање без шеќери. Но тоа нека биде исклучок!