Како да се ослободите од непријатните афти?
Тимот на Gengigel
Афтите претставуваат често заболување на слузокожата на усната празнина кое се јавува кај 20 проценти од луѓето. Најчесто се јавува блага болка, а во многу ретки случаи неопходна е посета на лекар.
Дали некогаш додека сте јаделе одредена храна сте осетиле пецкање на усните, а после неколку дена се развила непријатна и болна афта која не сте можеле да ја отстраните? Во продолжение следат неколку начини како можете да го забрзате заздравувањето на афтите или дури и да го спречите нивното појавување.
Зошто се појавуваат афти?
Науката сеуште не ја знае точната причина за настанување на афти. Постојат одредени фактори кои можат да ја забрзаат појавата на афти, кои кај поголем број од луѓето можат да бидат наследни, но се знае дека сигурно не се предизвикани од вируси или бактерии.
Најчести фактори кои влијаат на појава на афти:
- ослабен имунолошки систем
- хормонални промени
- стрес
- одредена храна
Дали сакате да дознаете повеќе за појава на афтите? Прочитајте ја статијата за 10 те причини за појава на афти.
Афтите најчесто се појавуваат на јазикот или на внатрешната страна на усните. Ќе ги препознаете по карактеристична сивкасто жолта боја околу која се наоѓа црвен прстен. Одеднаш може да се појави една афта, а многу ретко и повеќе на број.
Имам афта – што да направам?
Во текот на болеста можете да чувствувате постојана нелагодност која дополнително се зголемува додека говорите и јадете. Ви препорачуваме во тие моменти да избегнувате кисела, врела, лута и тврда храна која може да ја оштети раничката. Појавата на афти исто така може да биде проследена со тапа болка, поради тоа бидете внимателни за време на миење на забите и користете соодветна паста за заби која нема да ја иритира чувствителната површина.
Болката и нелагодноста најчесто исчезнуваат по една или две недели, зависно од големината и бројот на афтите. Посета на лекар во поголемиот број на случаи не е потребна.
Како да се отстрани болката?
Болката која се јавува со појава на афтите може да биде интензивна и непријатна. Домашните лекови можат да ви помогнат во ублажување на болката и да го забрзаат заздравувањето во усната празнина.
1. Мед и куркума
За ублажување на болката измешајте лажичка мед со една лажичка мелена куркума. Нанесете ја смесата директно на афтата.
2. Чај
Чајот содржи танин кој помага во сушење на раната. Затоа, на афтата ставете ладна кесичка чај – жалфија, камилица, нане – и оставете да делува.
3. Жалфија
Сварете чај од жалфија кој ќе ја ублажи болката. Во замена за чај можете да употребите течност за плакнење на уста која содржи жалфија и плакнете неколку пати на ден. Водичката за уста исто така го намалува и бројот на бактерии и спречува инфекција.
Доколку природните домашни лекови не ви помагаат и ако болката не се намалува, можете да ги пробате производите од аптека кои ја ублажуваат болката и го намалуваат времетраењето на болеста.
4. Локални анестетици
По употреба на локални анестетици слузокожата ќе отрпне и на тој начин ќе се ублажи болката предизвикана од афтите. Препорачуваме пред употреба на локални анестетици да се посоветувате со својот лекар или фармацевт.
5. Хијалуронска киселина
Хијалуронска киселина претставува природна состојка на здравото врзивно ткиво и има својство да штити од инфекции, делува антивоспалително, го забрзува зараснувањето и го намалува отокот. Природно ја произведува човековиот организам, но потребата за хијалуронска киселина расте за време на стрес или болести. Поради тоа кај афтозниот стоматитис препорачуваме употреба на производи кои содржат хијалуронска киселина.
Kako Gengigel може да ви помогне?
Кога имате афти, хијалуронската киселина може да ја ублажи болката и да го забрза процесот на зараснување. Покрај тоа, хијалуронската киселина исто така рехидрира и ја намалува можноста за повторна појава на афти. За најдобри резултати се препорачува да се употребуваат производи со хијалуронска киселина со голема молекуларна маса.
Gengigel гелот за непца може ефикасно да ви помогне во отстранување на афтите со природните својства на хијалуронската киселина. Бидејќи gengigel е произведен на база на хијалуронска киселина (0,2 проценти) со големата молекуларна маса слична на онаа на слузокожата на усната празнина, посебно е погоден за отстранување на афти и останати ранички во устата. Помеѓу останатото, gengigel гел го запира крварењето, ги забрзува регенерацијата и зараснувањето на непцата и ја намалува болката. Клинички е докажано ефикасен во спречување и отстранување на пародонталните болести.
Gengigel може да се користи без ограничувања, кај деца, бремени, доилки и дијабетичари (содржи вештачки засладувач ксилитол).
Што да се направи доколку афтите не исчезнат?
Како што споменавме, афтозниот стоматитис или афта е безопасна болест за која посета на лекар обично не е потребна. Меѓутоа, може да се случи да при појава на афти се појават одредени непријатности:
- афтите не исчезнуваат ни по две недели
- јаката болка трае во текот на целата болест
- висока телесна температура
- афтите се спојуваат и се формира поголема рана
- афтите се јавуваат многу често
Во горе наведените случаи препорачуваме посета на лекар или стоматолог кој ќе ја провери вашата здравствена состојба и ќе предложи понатамошно лекување. На основа на тестови лекарот може да заклучи дали афтите се последица од недостаток на хранливи материи, алергии на храна или пак се последица од прележана болест.
Што можете да направите за да спречите повторно создавање на афти?
Воспаление на оралната слузокожа се јавува кога организмот е исцрпен, физички и психички. Погрижете се да се наспиете, јадете здрава храна богата со витамини, избегнувајте или барем намалете го стресот, а за својот имунолошки систем погрижете се со физичка активност и по потреба и со додатоци во исхрана.
Здрава орална хигиена исто така многу придонесува во намалување на појава на афти. Не заборавајте редовно да миете заби (најмалку два пати на ден) и користете забен конец. Одберете паста за заби која не содржи средства за пенење (натриум лаурил сулфат, односно sls или sds на англиски).
Превенцијата не е добра само за здрава усна празнина, туку и за вашата општа благосостојба. Затоа чувајте го вашето здравје и уживајте без болки.
Извори:
- https://vizita.si/bolezni/znebite-se-aft-na-naraven-nacin.html
- https://www.gengigel.si/o-gengigelu/
- https://www.zdravje.si/afte
- https://www.zobozdravnikmaribor.si/blog/kaksna-zobna-pasta-je-najboljsa/
- https://www.gengigel.si/nasvet-strokovnjaka/clanek/afte-in-druge-razjede-v-ustih/
- https://www.ezobozdravnik.si/afte-in-herpes/
- https://www.bodieko.si/nadlezne-afte-kako-se-jih-znebiti-v-cim-krajsem-casu