Како да го отстраните непријатниот мирис од устата

 Мирјам Шкорјанц, дипл. орал. хиг.

Мирјам Шкорјанц, дипл. орал. хиг.

За да се ослободиме од непријатниот здив засекогаш прво треба да ја откриеме причината за неговата појава.

Многу луѓе се соочуваат со непријатен здив од устата и заради тоа често се чувствуваат непријатно. Дали сте и вие еден од нив? Се трудите да го отстраните, но без успех? За да се ослободиме од непријатниот здив засекогаш прво треба да ја откриеме причината за неговата појава.

Ова не се однесува на утринскиот здив кој е сосема нормална појава и исчезнува со утринското четкање на забите и гаргарање со вода за уста. Ниту на оној кој се јавува заради празен желудник, кога сме подолго време без оброк, уште во комбинација со стрес, напор, после неколку испиени кафиња или на непријатниот здив кој настанува поради одредена храна пр. лук, кромид, многу зачинета и тешка храна. Овие мали тегоби брзо можат да се отстранат со темелно четкање на забите и вода за уста.

Забниот камен е чест виновник за непријатниот здив. Ако непријатниот мирис не може да се отстрани со едноставни методи, најчеста причина за негова појава е лошата хигиена на усната шуплина. И повторно сме кај забниот камен. Кога забите не ги четкаме редовно и правилно секој ден, се насобираат нови забни наслаги (плак), кои постојано се минерализираат и создаваат забен камен.

Како што веќе пишувавме, забните наслаги се место каде се размножуваат штетни бактерии. Додека забните наслаги сеуште се меки, бактериите се присутни само на забите и со редовно четкање можат брзо да се отстранат. Меѓутоа кога ќе минерализираат во забен камен и тој ќе почне да навлегува покрај забите во гингивите, бактериите почнуваат да навлегуваат во крвта.

Во устата се јавува опасна состојба; непријатниот здив е „најмала„ последица, но сепак многу сериозно предупредување. Кога поради забниот камен ќе се зголеми забниот џеб и непцата ќе почнат да се одвојуваат од забот, порано или покасно почнува продор на бактериите во забот. Не мора да значи дека ќе почнат да ве болат забите, односно забната пулпа (мекото ткиво каде се наоѓаат нервните влакна) кога ќе се јави непријатниот мирис од устата. Кога непцата се воспалени, се јавува и непријатен здив од устата. Кај воспалените непца можете да употребувате Gengigel гел, кој го намалува воспалението и помага во регенерација на оштетеното ткиво.

Воспаление на заб или падната пломба исто така можат да предизвикаат непријатен мирис од устата

Причина за непријатниот мирис од устата може да биде воспаление само на еден заб или една падната пломба, но состојбата во устата е многу полоша. Воспалението на устата не е симетрично и настанува постепено, прво на еден дел, па покасно на друг дел од устата. Затоа непцата на еден дел можат да бидат многу повеќе воспалени, а на друг помалку Кога пародонталната болест ќе биде во напредната фаза, непцата кај сите заби се многу воспалени. Без четкање на забите, кое во таа фаза не може да ја излекува пародонталната болест, непријатниот здив станува човековиот постојан пријател.

Други причини за непријатен мирис од устата

Ако Вашата усна шуплина е здрава, можеби причината за непријатниот здив потекнува од дигестивниот систем. Тегобите може да започнат во тек на воспаление на грлото или синусите, а проблематични се и разните бактерии во желудникот или цревата, успорена работа на цревата - заради што храната скапува, што претставува извор на енергија за цревните бактерии – односно пореметена рамнотежа на добрите бактерии во цревата.

Последици на неправилната хигиена

Застрашувачки е фактот колку милиони штетни бактерии човекот непотребно пушта во својот организам. Со запоставување на правилната и секојдневна хигиена на усната шуплина се изложуваме на ризик од бројни опасни или непријатни болести и состојби како што се срцев инфаркт, мозочен удар, белодробни болести, главоболка, предвремено породување и помала родилна тежина на новороденчето и ослабен имунолошки систем.

Совети

Без разлика на причината за непријатниот здив хигиената на усната шуплина – односно редовно и правилно четкање, чистење со забен конец, употреба на интердентални четки и вода за уста – претставува прв чекор до свеж здив. Втор чекор е редовни прегледи кај стоматолог и орален хигиеничар. Ако потврдат дека вашата усна шуплина е здрава и одржувате добра хигиена, причините треба да ги барате на друго место, подлабоко, во дигестивниот систем.

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close