10 причини за појава на афти

 Тимот на Gengigel

Тимот на Gengigel

Појавата на афти кај луѓето не е од бактериска или вирусна природа, но на појавата може да влијаат повеќе фактори.

Малите површински ранички во усната празнина се нарекуваат афти. Тие се од неинфективна природа, не се опасни и се карактеризираат со болка и непријатност при зборување и јадење. Афтите професионално се нарекуваат и афтозен стоматитис и лесно се препознаваат по сиво-жолтата боја со црвени рабови.

Афтите можеме да ги поделиме според нивната големина:

  • Помали афти (aphthae minor) со големина од 1 до 10 милиметри, се најчестиот тип на афти и обично исчезнуваат по една до две недели. 
  • Големи афти (aphthae major) се поголеми од 1 сантиметар на кои им е потребен најмалку еден месец за целосно заздравување. Тие се јавуваат поретко од помалите афти и можат да остават лузна.

Први симптоми на афти

Пред да ги забележите афтите, првите симптоми ќе се појават ден или два порано. Остра болка, чешање и благо чувство на печење на истото место може да укажуваат на развој на болеста. Подоцна, може да се формира црвена дамка или задебелување кое ќе се претвори во афта. 

Иако афтите се крајно непријатни, тие не се заразни. Во повеќето случаи, болката трае максимум 14 дена, по што афтите исчезнуваат сами од себе. Многу ретко луѓето развиваат системски симптоми како што се треска и малаксаност.

Афтите се површински ранички на оралната слузница. Најчесто се појавуваат на:

  • на внатрешната страна на усните,
  • на слузницата на образите,
  • на бочната површина на јазикот,
  • на дното на устата,
  • на мекото непце.

Иако афтите може да се појават на повеќе локации во усната празнина, тие најмногу пречат на кожата или надворешноста на усните.

Причини за појава на афти

Точната причина за појава на афти сеуште не е позната. Афтите може да се појават кај сите, без разлика на возраста и полот, иако почесто се јавуваат кај тинејџери и кај жени. Најчесто се појавува само една афта и ретко се случува да има неколку одеднаш. Тие не се заразни, затоа не се грижете дали ќе ја пренесете болеста на некој близок.

Појавата на афти кај луѓето не е од бактериска или вирусна природа, но на појавата може да влијаат повеќе фактори:

  1. Гени
    Појавата на афти е поврзана со наследна предиспозиција. Доколку родителите имаат афти, постои голема веројатност (речиси 90%) дека и децата ќе ги имаат.
  2. Недостаток на витамини и минерали
    Недостаток на железо, б витамини, фолна киселина или цинк може да доведе до појава на афти.
  3. Период пред менструалниот циклус
    Жените генерално се повеќе склони кон појава на афти, но оваа веројатност се зголемува уште повеќе пред менструалниот циклус. Хормоналните промени и емоционалниот стрес го поттикнуваат развојот на оваа непријатна болест.
  4. Ослабен имунолошки систем
    Афтите најчесто се појавуваат кај болни или исцрпени луѓе, а особено кај луѓе кои страдаат од бактериски или вирусни заболувања. Кај нив имунолошката отпорност на организмот е намалена, со што се зголемува можноста за појава на афти.
  5. Алергии
    Алергиите на храна може да предизвикаат појава на афти. Најчестите од нив се алергии на јаткасти плодови, цитрусно овошје, кафе, млечни производи, чоколадо и одредени видови зеленчук. Алергените предизвикуваат имунолошка реакција и организмот почнува да ја уништува сопствената орална слузница.
    Алергија на натриум лаурил сулфат, средство за пенење во пастите за заби, исто така може да биде штетна, предизвикувајќи оштетување на оралната слузница, што пак доведува до појава на афти. 
  6. Лeкови
    Земањето одредени лекови може да го забрза појавувањето на афти, на пример ибупрофен, бета-блокатори и други.
  7. Повреда на слузницата
    Мало оштетување на оралната слузницата може да предизвика појава на афти. Покрај алергените, мукозната мембрана може да се оштети и со четкање на забите, со несакани каснувања во внатрешноста на образите или усните, при консумација на поцврста и топла храна, а исто така може да се оштети од испакнат заб или слабо поставена протеза.
  8. Цревни заболувања
    Одредени цревни заболувања, како што се целијачна болест и кронова болест, како и гастроинтестинални заболувања, можат да влијаат на појавувањето на афти.
  9. Пушење
    Кај пушачите оралната слузница малку се задебелува. Кога ќе се престане со пушење, слузницата повторно се истенчува што може да доведе до формирање на афти. 
  10. Стрес
    Луѓето кои подолг период се под стрес имаат повеќе шанси за појава на афти. Стресот допринесува во намалување на имунолошкиот одговор на организмот и затоа телото е поподложно на болести. 

Причини за развој и појава на афти има многу, иако нивното вистинско потекло сеуште не е испитано. Факторите на ризик се различни за секој поединец, но начините на превенција за сите се исти. Важно е да го зајакнете вашиот имунолошкиот систем, да избегнувате тврда и кисела храна и да водите грижа за добра орална хигиена. 

 

Ресурси:

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close