Воспаление на непцата

Како да препознаете воспалени непца?

Секое крварење на непцата при миење на забите и нивно чистење со конец значи дека непцата се воспалени. Крварењето е проследено со отоци, промена на бојата на непцата и лош здив од устата, а може да биде присутна и болка. Здравите непца се розови, цврсти на допир и не крварат.

Прекумерното размножување на бактерии во устата предизвикува воспалителен процес кој се нарекува гингивит. Забните наслаги односно плаките кои се формираат ги надразнуваат непцата, со што тие стануваат темноцрвени и отекуваат и на крај се одделуваат од забите. На тие места настануваат пародонталните џепови, во кои се таложат сѐ повеќе бактерии. Развојот на пародонталните џепови може да се спречи и непцата може да бидат целосно излекувани, но секојдневната хигиена е најважна.

Причини за воспаление на непцата

Главна причина за воспаление на непцата или гингивит е лошата орална хигиена, а воспалението  може да биде предизвикано и од стрес, пушење, недостаток на витамини, некои болести како и наследни особини.  Поради хормоналните промени трудниците исто така често имаат проблеми со воспалени непца, состојба која се нарекува труднички гингивит. Обично се јавува во вториот и третиот триместар од бременоста.

Воспалението на непцата кое не се лекува може да напредува во пародонтит

Ако не ги забележиме првите знаци на воспаление на непцата или ако не им посветиме доволно внимание, воспалението на непцата кое не се лекува може да напредува во пародонтит (во секојдневниот разговор познато како пародонтоза).

Како бактериите ги оштетуваат непцата така пародонталните џепови стануваат сѐ подлабоки и во нив има место за што повеќе бактерии. Наслагите стануваат сѐ потврди и преминуваат во забен камен на кој се собираат уште повеќе наслаги, а непцата сѐ повеќе се одделуваат од забите. Бактериите исто така предизвикуваат и лош здив во устата.

КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ТЕГОБИТЕ

Совети од специјалист

Производи од линијата Gengigel

Разгледајте го богатиот избор на производи и одберете го својот Gengigel.

Безопасен доколку се проголта

Безопасен доколку
се проголта

Погоден за вегани

Погоден
за вегани

Без шеќери

Без
шеќери

Без лактоза

Без
лактоза

Без глутен

Без
глутен

Без ГМО

Без
ГМО

Мислење на корисниците

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close