Пародонтит

Како да се препознае пародонтит?

Пародонтит (кај народот познато како пародонтоза) претставува сериозно воспаление на непцата за кое е карактеристично нивно крварење, непријатен здив од устата и повлекување на непцата од забите, кои како последица на тоа почнуваат да се нишаат, а може дури и да дојде до нивно губење. Доколку болеста почне да напредува, ќе предизвика постепено повлекување на пародонталното ткиво, кое што е врзивно ткиво, на забниот цемент, па дури и на алвеоларната коска. Во таа фаза штетата речиси и да не може да се поправи. Односно, пропаѓаат сите ткива кои ги држат забите во усната празнина.

Причини за појава на пародонтит

Пародонтит се јавува кога луѓето подолг временски период ги игнорираат симптомите на воспаление на непцата (гингивит). Гингивитот го   предизвикуваат токсини кои ги произведуваат бактериите кои ги има во плаките на површината на забите. Тие токсини предизвикуваат одвојување на непцата од забите и создавање на пародонтални џебови. Пародонталните џебови се карактеристични за напредна фаза на пародонтит  и со тек на време се повеќе се продлабочуваат, а тоа може да биде и причина за губење на забите.

Лекување на пародонтит

Лекувањето на пародонтит вклучува задолжителна посета на стоматолог кој ќе одреди соодветна терапија, правилна орална хигиена и редовно професионално четкање на забите. За правилна орална хигиена се препорачува, покрај другото, секојдневно четкање на забите и користење на забен конец. Во одредени случаи стоматологот може да посоветува употреба на антибиотици или стоматолошка интервенција.

Производите Gengigel во таа фаза можат да го ублажат воспалението на непцата и поради тоа по стоматолошка интервенција препорачуваме употреба на производи од  Gengigel линијата , кои ги намалуваат болките, намалуваат крварење на непцата и го отстрануваат отокот.  За оптимален начин на употреба на Gengigel препорачуваме да се посоветувате со својот стоматолог.

Совети од специјалист

Производи од линијата Gengigel

Разгледајте го богатиот избор на производи и одберете го својот Gengigel.

Безопасен доколку се проголта

Безопасен доколку
се проголта

Погоден за вегани

Погоден
за вегани

Без шеќери

Без
шеќери

Без лактоза

Без
лактоза

Без глутен

Без
глутен

Без ГМО

Без
ГМО

Мислење на корисниците

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close