Афти
Што се афти?
Афтите спаѓаат меѓу најчестите болести на усната слузница. Претставуваат воспалителна состојба за која се карактеристични површински ранички на усната слузница, а стручно се нарекува афтозен стоматит.
Раничките (округли или овални) најчесто се помали од 1 сантиметар, а можат да бидат и поголеми. Вообичаено се јавуваат на внатрешната страна на образите, внатрешната страна на устата, на јазикот или на непцата. Имаат карактеристична бело-сива или жолтеникава боја, а поради воспалението имаат и црвен раб. Може да бидат проследени со чувство на печење, чешање или болка. Според податоците од испитувањата, од афти страда 20% од светската популација и тие не се заразни.
Како настануваат афти?
Експертите не се согласуваат со причините за појава на афти. Познати се само одредени фактори на ризик, меѓу кои најважни се наследните фактори, алергиите или осетливоста (на пример на натриум лаурил сулфат, кој е присутен во пастите за заби и производите за хигиена на усната празнина, потоа во некои намирници, како на пример цимет, сирење, цитруси, смокви или ананас), стресот, менструацијата, намалениот имунитет, слабокрвност, исцрпеност, како и недостатокот на железо, фолна киселина и витамин Б.
Афтите можат да настанат и поради изгореници при внесување на жешка храна или напитоци. Често се јавуваат кога ќе ја оштетиме усната слузница со несакано каснување или невнимателно миење на заби.
Како да се ослободите од афтите?
Посета на лекар не е потребна поради појава на афта (исклучок се тешки случаи). Се препорачува употреба на хијалуронска киселина, која делува против воспалително, ја намалува болката и непријатното чувство и на тој начин помага во олеснување на тегобите кај афти.
Обично болката и непријатното чувство поради раничките во устата се намалуваат сами од себе после неколку денови и потоа афтите исчезнуваат за приближно две седмици.
Производи од линијата Gengigel
Разгледајте го богатиот избор на производи и одберете го својот Gengigel.
Безопасен доколку
се проголта
Погоден
за вегани
Без
шеќери
Без
лактоза
Без
глутен
Без
ГМО
Мислење на корисниците
“Откако го открив производот, Gengigel гел секогаш го имам во мојата ташна бидејќи често имам проблеми со воспалени и болни непца, како и голем број ранички во устата. Gengigel навистина ми помага и не би можела да ја замислам грижата за непцата без него.”
Елена , 31 година
“Веднаш по стоматолошка интервенција кај мојот 11 годишен син започнавме со употреба на Gengigel гел. Gengigel ни помогна многу брзо да зарасне раната, немаше воопшто воспаление и болката почна да се намалува многу брзо. Мојот син беше многу задоволен и од вкусот на препаратот.”
Mаја , 44 година
“Веќе подолго време имам проблеми со отечени непца и забни џебови. По препорака на стоматолог почнав редовно да ги употребувам Gengigel производите кои многу ми помагаат во ублажување на симптомите кои ги споменав. Дефинитивно ја препорачувам целата линија на производи!”
Ана , 26 година
“Gengigel ја намалува дразбата и болката која е проследена со чувство на пецкање и помага при зараснување на ранички на непцата и на внатрешната страна на лицето, кои ги предизвика мојата новата забна протеза. Кога би морала повторно да одлучувам, би почнала со употреба на Gengigel, уште од првиот ден, а не откако ќе се појават проблемите.”
Ивона , 31 година
“Gengigel секогаш го имаме во домашната аптека бидејќи никогаш не се знае кога ќе ни затреба брзо намалување на болката поради воспалени непца. На Gengigel гел човек навистина може да му верува.”
Филип , 38 година
“Gengigel го употребувам веќе долги години, кога ми се воспалени непцата и по стоматолошки интервенции. Неодамна многу брзо и ефикасно ми помогна да ја отстранам афтата.”