СЕ ГРИЖИ
ЗА ВАШИТЕ
НЕПЦА
Gengigel помага во зараснување и ја забрзува регенерацијата на непцата, ја намалува болката и клинички е докажано ефикасен во спречување и отстранување на пародонталните болести.
Ги лекува непцата
кои крварат
Ја намалува
болката
Отстранува
афти
Мислење на корисниците
“Откако го открив производот, Gengigel гел секогаш го имам во мојата ташна бидејќи често имам проблеми со воспалени и болни непца, како и голем број ранички во устата. Gengigel навистина ми помага и не би можела да ја замислам грижата за непцата без него.”
Елена , 31 година
“Веднаш по стоматолошка интервенција кај мојот 11 годишен син започнавме со употреба на Gengigel гел. Gengigel ни помогна многу брзо да зарасне раната, немаше воопшто воспаление и болката почна да се намалува многу брзо. Мојот син беше многу задоволен и од вкусот на препаратот.”
Mаја , 44 година
“Веќе подолго време имам проблеми со отечени непца и забни џебови. По препорака на стоматолог почнав редовно да ги употребувам Gengigel производите кои многу ми помагаат во ублажување на симптомите кои ги споменав. Дефинитивно ја препорачувам целата линија на производи!”
Ана , 26 година
“Gengigel ја намалува дразбата и болката која е проследена со чувство на пецкање и помага при зараснување на ранички на непцата и на внатрешната страна на лицето, кои ги предизвика мојата новата забна протеза. Кога би морала повторно да одлучувам, би почнала со употреба на Gengigel, уште од првиот ден, а не откако ќе се појават проблемите.”
Ивона , 31 година
“Gengigel секогаш го имаме во домашната аптека бидејќи никогаш не се знае кога ќе ни затреба брзо намалување на болката поради воспалени непца. На Gengigel гел човек навистина може да му верува.”
Филип , 38 година
“Gengigel го употребувам веќе долги години, кога ми се воспалени непцата и по стоматолошки интервенции. Неодамна многу брзо и ефикасно ми помогна да ја отстранам афтата.”
Марија , 59 година
Проблеми во усната празнина
Воспаление на непцата
Секое крварење на непцата во текот на миењето заби и чистењето со конец значи дека непцата се воспалени. Крварењето е проследено со оток, промена на бојата на непцата и непријатен здив во устата, а може да биде присутна и болка. Здравите непца се розови, цврсти на допир и не крварат.
Афти
Афтите спаѓаат меѓу најчестите болести на усната слузница. Тоа е воспалителна состојба која се карактеризира со површински ранички на слузницата. Афтите се мали (округли или овални) и болни и најчесто се јавуваат на внатрешната страна на образите, внатрешната страна на устата, на јазикот или непцата.
Повредени непца
Носењето на забни протези, коронки, мостови и најразлични ортодонтски помагала често ја надразнува и ја оштетува слузницата во усната празнина. Тогаш настануваат ранички проследени со воспаление. Непцата може да се повредат и во текот на најразлични интервенции како вадење на заби или чистење на забен камен.
Производи од линијата Gengigel
Разгледајте го богатиот избор на производи и одберете го својот Gengigel.